Њукасл јунајтед ги продаде сите билети за првиот натпревар што ќе го одигра под новите сопственици. Во недела, на 17.октомври, на „Сент Џејмс парк“, ќе гостува Тотенхем. Фановите ќе навиваат клубот со победа да влезе во новата ера.
Вчера, Мајк Ешли, го продаде клубот на инвеститори од Саудиска Арабија. Групацијата ја предводи Саудискиот јавен инвестициски фонд (ПИФ).
Премиер лигата ја одобри продажбата откако „добила правни гаранции дека Кралството Саудиска Арабија нема да го контролира Њукасл јунајтед“.
На чело на ПИФ е премиерот на Саудиска Арабија, принцот Мохамед бин Салман. Тој управува со владата на својот татко, кралот Салман бин Абдулазиз. Според медиумите принцот Мохамед е најмоќниот човек во Саудиска Арабија.