Јувентус почнале преговори со агентот на Дони ван де Бек за можен трансфер на Холанѓанецот од Манчестер јунајтед веќе во јануари, тврди италијанскиот весник „Ла стампа“.
Седењето на клупа на 24-годишниот Ван де Бек под Оле Гунар Солскјер веќе стана легендарно, откако Холанѓанецот не доби многу шанси по скапиот трансфер од Ајакс минатата година, а Јувентус подолго време го следат фудбалерот од средниот ред.
Според „Ла стампа“, директорот на Јувем Федерико Керубини веќе контактирал со агентот на Ван де Бек, за да го обедини со својот близок пријател Матијс де Лихт. Тие додаваат дека Јувентус и во текот на летото биле заинтересирани за трансфер и тие се подготвени да го земат на позајмица со обврска за купување. Од друга страна, Јувентус сака да ги продаде Арон Ремзи и Вестон Меккени, исто така во јануари.
La Stampa: "Juve, il centrocampo verrà rinforzato a gennaio. Piace Van de Beek: contatti tra Cherubini e l’agente dell’olandese già in estate" —> https://t.co/fmQAWMpkkl pic.twitter.com/G4iRAV8v9U
— VecchiaSignora.com (@forumJuventus) October 11, 2021