Новиот дрес на фудбалската репрезентација на Нигерија предизвика вистински бум кај фудбалските фанови ширум светот.
Дизајнот на компанијата „Најки“, привлече многу навивачи, а дури три милиони луѓе веќе го нарачеле дресот.
„Овој дрес е најпродаван поради својата едноставност. Три милиони луѓе веќе го нарачаа, што е апсолутен рекорд. Дресот во продажба ќе се појави на 29.мај, а неговата цена изнесува 85 долари“, рекол потпретседателот на Фудбалскиот сојуз на Нигерија, Сеху Дико.