Четирикратниот Формула 1 шампион, германскиот пилот Себастијан Фетел (34) размислува за иднината откако ќе му заврши возачката кариера.
„Не сум сигурен што би можело да биде вистинскиот избор. Нема да возам уште 10 години. Најлесно би било да станам репортер на некоја телевизија и да останам таму уште неколку години, но не се гледам така“ вели Фетел кој и следната сезона има договор со тимот на Астон Мартин.
Иако не се гледа во позиција на стручен коментатор, тој не ја отфрла можноста да остане во светот на октанскиот циркус, се разбира во некоја друга функцја.
„Формула 1 не е зелена, тоа е очигледно, но живееме во време во кое имаме технологија и можност Ф1 да ја направиме зелена, а притоа да не загубиме на спектакуларност и на страст. Сега се водат важни разговори за иднината. Ако нема промени, не сум оптимистичен. Ако нешто не се промени, Формула 1 може да исчезне!“ смета Германецот.