Џанлуиџи Донарума вели дека „росонерите“ секогаш ќе му бидат во срцето и покрај бруталниот пречек на „Сан Сиро“, велејќи дека привремената тетоважа на логото на Милан ќе ја направи постојана кога ќе се врати во Париз.
22-годишниот Донарума ги налути навивачите на Милан со заминувањето од клубот како слободен играч во текот на летото, потпишувајќи за ПСЖ и во првиот меч во Милано по трансферот, на 6 октомври беше постојано исвиркуван на мечот Италија-Шпанија во полуфиналето на Лигата на нации.
И покрај ова, тој при гостувањето на ТВ шоуто „Ла јене“, доби привремена тетоважа на логото на Милан на својата рака и рече дека ќе ја направи тетоважата постојано кога ќе се врати во клубот.
„Секогаш ќе ги сакам навивачите на Милан. Секогаш ќе имам ‘росонеро’ срце. Да, малку сум разочаран од свирежите, бидејќи поминав осум години во Милан. Пораснав тука и останувам навивач на тимот. Се надевам дека следен пат ќе имам подобар пречек“, вели Донарума.
Донарума излезе од младинската школа на Милан за Синиша Михајловиќ да му даде професионално деби на само 16 години. Тој бргу стана прв голман на Милан и имаше 251 настапи во шест сезони. Меѓутоа, честопати беа поставувани прашања околу неговата верност на клубот, посебно преку неговиот агент Мино Рајола.