Седумкратниот Ф1 шампион, Луис Хамилтон го пофали својот британски сонародник Тајсон Фјури за неговата спектакуларна победа во мечот со Дионтеј Вајлдер и покрај работите кои тој ги кажал за него.
Фјури ја одбрани ВБЦ титулата во тешка категорија за да стане еден од најголемите боксери во историјата, но му пречи што не добива признанија за своите успеси, откако минатата година не беше на листата на почести кои ги дели кралицата Елизабета Втора. Од друга страна, Хамилтон по освојувањето на седмата титула беше вклучен и официјално стана Сер Луис Хамилтон. Фјури беше бесен што е исклучен.
„За разлика од Луис Хамилтон јас живеам и плаќам даноци тука, кои стигнаа до 9 милиони фунти минатата година“ , изјави тогаш Фјури.
Хамилтон не се лути.
„Не можете да го поништите Фјури. Работеше низ сите проблеми за да остане на врвот. Без разлика на тоа што зборуваше за мене, имам огромна почит за работата и посветеноста и жртвувањето за тоа да се биде број 1. Честитки, шампиони, благослови за тебе и твоето семејство. Уживај, го заслужи тоа“, изјави Хамилтон.