И покрај тврдењата на египетските медиуми дека Мохамед Салах ќе продолжи да пости за Рамазан, од Ливерпул потврдија за тој да биде во најдобра форма за финалето од ЛШ против Реал Мадрид, египетскиот напаѓач три дена ќе престане со постот.
Рубен Понс, шпанскиот физиотерапевт на Ливерпул, вели дека промената била неопходна, иако Салах претходно постел од 16 мај.
„Колку што јас знам во Марбелја, тој се придржуваше кон постот, но за овие важни денови имаме посебен план. Во четврток, петок и во сабота, тој нема да пости, за тоа да не влијае на неговата игра. По финалето ќе продолжат постите“, вели Понс во интервју за „Онда серо“.
Салах нема да биде првиот спортист муслиман кој го прекинал постот. Според египетскиот весник „Ал масри ал јум“, семејството на Салах ќе жртвува три телиња пред финалето, за да го благословат својот син.
Фото: ЕПА