Контроверзниот Ирец, Конор Мекгрегор, се уште се рехабилитира од фрактурата на зглобот, со која се здоби во јули, кога загуби од Дастин Поарие. Поразот од Поерие беше втор за Мекгрегор во трите соочувања со овој противник. Според прогнозите, Мекгрегор во октаконот ќе се врати наредната пролет.
Прашање е кој ќе биде противникот на Мекгрегор. Првиот човек на УФЦ, Дејна Вајт, веќе најави нова борба со Поарие, додека „Болд“, тврди дека се договора борба со наследникот на хабиб Нурмагомедов, Ислам Махачев.
Менаџерот на Махачев, Али Абделазиз, пред неколку дена, објави фотографии на Мекгрегор, и му напиша на неговиот клиент дека знае сонува за оваа борба. Според Абделазиз борбата наскоро ќе биде договорена.
Махичев има 20 победи и еден пораз во ММА.