Поранешниот соиграч на Оле Гунар Солскјер, Пол Сколс инсистира дека Манчестер јунајтед треба да го заддржат Норвежанецот на клупата барем до крајот на сезоната, бидејќи заслужува шанса да покаже со засилен тим.
Солскјер ја почна третата цела сезона на „Олд Трафорд“, откако го замени Жозе Мурињо во декември 2018 година, и оттогаш нема освоено титула и е постојано под критика поради неговата непрепознатлива тактика по просечниот старт на новата сезона и покрај пристигнувањето на Кристијано Роналдо, Рафаел Варан и Џејдон Санчо, откако претходно му беа донесени и Хери Мегваер, Бруно Фернандеш, Единсон Кавани и Дони ван де Бек.
Сколс, кој освои 11 титули од Премиерлигата и 2 од Лигата на шампионите со Јунајтед од 1993 до 2003 вели дека тој заслужува време.
„Ако размислите за тоа каде беа Јунајтед во последните три или четири години, тоа беше шокантно нели? Не беше добро да се гледа меч пред тој да дојде. Му требаа две-три години да го изгради тимот, но мислам дека сега сите делови се на своето место и тој треба да добие шанса да покаже што умее. Имаше многу возбуда на стартот на сезоната по четири меча, кога ги победија Њукасл со 4:1 и Лидс со 5:1, но мечевите против Вила и Евертон беа разочарувачки. Тој треба да добие шанса барем оваа сезона да покаже дека знае да менаџира и да освојува трофеи“, објаснува Сколс.