Top Sport

Перез: Воопшто не е лесно да си колега со Макс Ферстапен

Серхио Перез признава дека не е лесно да си партнер на Макс Ферстапен во Ред бул, но вели дека неговата ментална сила е клучна за позитивната сезона.

Откако последните седум сезони ги помина како возач број 1 во Форс Индија/Рејсинг поинт, во првата сезона во Ред бул резултатите беа „мешани“ – додека Макс се бори за титулата, Перез се задоволува со по некој подиум.

„Секако, не е лесно да се биде колега на Макс, бидејќи тој е како едно со својот болид. Постојано вози на високо ниво, а имаме уникатен болид кој е прилагоден на неговиот стил. Мораш да си ментално силен секој ден, но тоа е мојата сила. Макс покажува дека овој болид ако не е најдобриот, тогаш е еден од најдобрите, но адаптацијата не му одеше најдобро“, признава Чеко.

Ферстапен во моментов е лидер во генерален пласман со шест поени предност пред Луис Хамилтон на само шест трки до крајот на сезоната, додека Перез е на петтото место со 100 поени заостанување зад двојката.

Scroll to Top