Ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ признава дека првиот меч против неговиот поранешен тренер Симоне Инзаги, сега прв човек на Интер ќе биде могу чуден.
Инзаги си замина од „Олимпико“ по пет години ова лето, заменувајќи го Антонио Конте во Интер, додека на неговото место дојде поранешниот тренер на Јувентус и Челси, Маурицио Сари.
„Ќе биде малку чудно да се игра против Инзаги. Работевме заедно пет години, но сега доаѓа во Рим како противник. Затоа, во тие 90 минути ќе го дадеме максимумот, а потоа по мечот, ќе го гушнам“, вели Милинковиќ-Савиќ, кој има одличен старт на сезоната со 2 гола во првите 7 меча оваа сезона.