Top Sport

Виера се дистанцираше од Ек и од обидот да се купи Арсенал

Патрик Виера се дистанцираше од основачот на „Спотифај“, Даниел Ек и неговиот обид да се преземе Арсенал, признавајќи дека е во „поинаква позиција“ откако стана менаџер на Кристал палас.

Легендата на Арсенал ќе се судри со својот поранешен клуб првпат по враќањето во Премиерлигата, но пред да дојде во Палас, тој беше поддржувач на Ек и неговиот обид да го преземе клубот од Стен Кренке, заедно со соиграчите Тјери Анри и Денис Бергкамп.

„Тогаш се изразував како Патрик, поранешен играч на Арсенал. Тој коментар беше заснован според насоката на клубот. Разговарав со човек кој има поинаква визија за Арсенал, но сега сум во поинаква позиција од пред неколку месеци. Затоа нема да се изразувам на начинот како кога бев само поранешен фудбалер на Арсенал. Семејството Кренке јасно кажа дека клубот не е на продажба, и не можеш да купиш фудбалски клуб ако не се продава“, вели Виера.

Scroll to Top