Дани Педроса стигна до изненадувачка пол-позиција за Малезиското ГП, победувајќи го Французинот Јохан Зарко за неверојатни 0.017 секунди, додека колегата на Педроса од Хонда и лидер во генерален пласман, Марк Маркез се мачеше за да стигне како седми по падот на стартот на вторите квалификации.
Откако постави најдобро време на четвртиот тренинг пред квалификациите, Маркез, кој води со 33 поени пред Андреа Довициозо во генерален пласман, беше фаворит да стигне до осмата пол-позиција во 2017.
Dani Pedrosa takes pole at #MalaysianGP.
Andrea Dovizioso on the front row, Marc Marquez back on row three. pic.twitter.com/djY6pxKzPV
— BT Sport MotoGP (@btsportmotogp) October 28, 2017
Но, првиот вистински круг на Шпанецот заврши со катастрофа, откако ја загуби контролата на предниот дел на последната кривина и падна, по што мораше да вози со резервниот РЦ213В мотоцикл.
Дотогаш, Зарко (Тех 3 Јамаха) се постави на пол-позицијата со фантастичен круг од 1:59.636, прев Маверик Вињалес во фабричката Јамаха. Во хаотичната завршница, Педроса стигна до најдобро време од 1:59.212 за прва пол-позиција по трката во Барселона во јуни.
Q2 results:
Pos. | # | Rider | Bike | Time | Gap |
---|---|---|---|---|---|
1 | 26 | Dani Pedrosa | Honda | 1’59.212 | |
2 | 5 | Johann Zarco | Yamaha | 1’59.229 | 0.017 |
3 | 4 | Andrea Dovizioso | Ducati | 1’59.236 | 0.024 |
4 | 46 | Valentino Rossi | Yamaha | 1’59.498 | 0.286 |
5 | 25 | Maverick Viñales | Yamaha | 1’59.538 | 0.326 |
6 | 99 | Jorge Lorenzo | Ducati | 1’59.622 | 0.410 |
7 | 93 | Marc Marquez | Honda | 1’59.694 | 0.482 |
8 | 42 | Alex Rins | Suzuki | 1’59.992 | 0.780 |
9 | 29 | Andrea Iannone | Suzuki | 2’00.119 | 0.907 |
10 | 35 | Cal Crutchlow | Honda | 2’00.181 | 0.969 |
11 | 43 | Jack Miller | Honda | 2’00.326 | 1.114 |
12 | 44 | Pol Espargaro | KTM | 2’00.770 | 1.558 |