Мауро Икарди се врати во прегратките на Ванда Нара. Аргентинската двојка повторно е заедно, откако поради прељуба Ванда Нара му раскина на сопругот.
Икарди извршил прељуба со пријателката на сопругата, аргентинската актерка Еухоенија Суарез. Сопругата која е и негов менаџер, најпрвин ги избриша заедничките слики од социјалните мрежи, а потоа со децата заминала во Милано.
Икарди, потресен од ситуацијата, добил дозвола од клубот да го пропушти тренингот, пред дуелот со Лајпциг во Лигата на шампионите. Слободното време го искористил за отпатува во Милано и да ги репи семејните проблеми.
Успеал во тоа, бидејќи на Инстаграм објави заедничка фотографија со сопругата.
„Среќен Ден на мајките“, напишал Икарди со напомена дека во Аргентина денес се обележува Денот на мајките.
Ванда Нара и Мауро Икарди се во брак од 2014 година, имаат две деца.