Top Sport

Вимблдон укина правило старо колку и самиот турнир

Организаторите на Вимблдон, најпрестижниот турнир во светот на тенисот, укинаа правило старо колку и самиот турнир. Од оваа година, тенис ќе се игра во „средишната недела“. Само четири пати, кога програмата трпеше измени поради дождот се играле мечеви на овој ден, во 1991, 1997, 2004 и 2016 година.

Со укинувањето на оваа традиција, се укинува уште една, „manic мonday“, ден резервиран за осмина-финалните мечеви, кој по правио носеше големи изненадувања.

Организаторите соопштија дека вторник нема повеќе да биде резервиран само за четврт-финалните мечеви во женска конкуренција, а среда за мачките четврт-финалиња.

Женското финале, наредната година на Вимблдон нема да се игра во сабота, туку во недела.

Вимблдон, наредната година ќе се одржи од 27.јуни до 10.јули. Титулите ќе ги бранат Новак Ѓоковиќ во машка и Ешли Барти во женка конкуренција.

Scroll to Top