Шпанија, Португалија и Швајцарија предадоа заедничка кандидатура за домаќини на ЕП за ракометари во 2028. година (13-30. јануари) објави Европската ракометна федерација (ЕХФ).
Со тоа дојде до промена на кандидатурата за домаќинство затоа што првично Шпанија и Португалија излегоа со заедничка кандидатура за ЕУРО 2028, додека Швајцарија поднесе кандидатура за ЕП 2026 и ЕП 2028.
Откако ја прифати заедничката кандидатура со двете земји, Швајцарија ја повлече својата самостојна кандидатура.
Трите земји во своите кандидатури како место на кое би се одиграло финалето го посочија стадионот на Реал Мадрид, „Сантијаго Бернабеу“.
За домаќинството на ЕП во 2028 година ќе се одлучува на 20. ноември годинава во Виена.