И покрај критиките за неговиот стил на работа и шпекулациите кои го поврзуваат со трансфер, Месут Озил вели дека секогаш е 100 отсто посветен на „топчиите“ и дека го дава срцето на терен.
Минатата недела се повторија шпекулациите дека Германецот им кажал на колегите дека си заминува за Манчестер јунајтед во јануари, бидејќи 29-годишниот Озил е во последната година од неговиот договор, но Стен Кренке, главниот акционер во тимот најави дека би сакал да го задржи во тимот.
„Среќен сум во Арсенал, ја завршувам мојата работа и 100 отсто сум посветен. Го давам срцето и душата на теренот. Тоа е најважната работа во фудбалот. Важно е да го дадеш максимумот и да играш добро. За сè друго ќе видиме во иднина“, вели Озил.
Тој додава дека сака да го покаже квалитетот и покрај тоа што сега игра на крилото наместо во неговата омилена позиција на плејмејкер (број 10).
„Јас се познавам себеси подобро од било кого и ми треба да се забавувам на теренот. Сите знаат дека сакам да играм плејмејкер, но во моментов играм на десната страна и морам да го прифатам тоа и да го покажам квалитетот таму. Најважно е да бидеме силни како тим“, додава Озил.