Реал Мадрид со спектакуларна прослава во шпанската престолнина ја прослави 13.титула во Лигата на шампионите.
Фудбалерите на Реал, во саботата, во финалето го победија Ливерпул со 3:1. Екипата на Зинедин Зидан е прва која во овој формат ја освојува Лигата на шампионите три сезони по ред.
Играчите и струшниот штаб, најпрвин од панорамскиот автобус им отпоздравија на десетици илјади навивачи собрани на трасата низ која се движел автобусот, а по свеченоста пред градската куќа, забавата продолжи на „Сантијаго Бернабеу“.
На стадионот на Реал имало повеќе од 80.000 луѓе.
На стадионот, главна фаца бил Кристијано Роналдо. Португалецот ги загрижи навивачите по финалниот меч со изјавата дека би можел да го напушти Реал.
„Крстијано остани“, скандирале навивачите, на што Роналдо порачал: „Се гледаме наредната сезона“.