Top Sport

Инциденти во Ротердам – Навивач каснат од полициско куче, хулиганите повредиле полициски коњ

Жестока пресметка во Ротердам се случила синоќа, помеѓу полицијата и навивачите на Унион Берлин.

Според полицијата, група хулигани се одвоила од останатите навивачи на Унион Берлин и ги нападнала. Тепачката била жестока. Еден од хулиганите бил каснат од полициско куче, а хулиганите повредиле полициски коњ. Со фрлањето пиротехника го преплашиле коњот кој паднал заедно со јавачот.

Од друга страна „Билд“, пренесувајќи ги изјавите на навивачите, пресметката била предизвикана од лошата организација. Наводно имало малку редари кои ги прегледувале картите, а некои од скенерите не работеле. На стадионот на Феенорд, бавно ги прегледувале ковид-пропусниците. Ова предизвикало голем метеж и нервоза кај 2.400 навивачи на Унион Берлин.

Навивачите ги поддржал и портпаролот на Унион Берлин. Тој рекол дека организацијата била толку лоша, што најголем дел од нивните навивачи речиси целото прво полувреме го минале пред стадионот.

Натпреварот заврши со победа на Феенорд од 3:1.

Scroll to Top