Претседателот на Аталанта, Антонио Перкаси призава дека замените кои ги направи Манчестер јунајтед ја направиле разликата во трилер 3:2 победата на „ѓаволите“ во мечот од ЛШ во средата.
Солскјер на тој меч во игра од клупа ги уфрли Џејдон Санчо, Пол Погба и Единсон Кавани и Перкаси вели дека биле на чекор од голем резултат.
„Тоа беше меч за сеќавање, можевме да бидеме во историјата да не го примевме тој трет гол. Но, искуството е одлично за нас и ќе ни помогне да растеме. Кога водевме со 2:0 си помислив: ‘Ова мора да е шега’. Меѓутоа нивните три замени вредат колку целиот наш тим. Сакаме да ја поминеме групната фаза“, вели Перкаси.
Клубот од Бергамо го живее најславниот момент во историјата, откако последните три сезони играат во Лигата на шампионите покажувајќи фантастични игри. Тие беа елиминирани во четврт-финалето во 2019/20 од Пари Сен-Жермен, додека минатата сезона загубија во осминафиналето од Реал Мадрид. По три меча оваа сезона, тие се израмнети со Вилјареал со 4 поени, додека Манчестер јунајтед се лидери со 6 поени.