Светскиот боксерски шампион Тајсон Фјури неодамна ја одбрани титулата во ВБЦ верзијата победувајќи го Дионтеј Вајлдер. Популарниот „Крал на циганите“ стекна светска слава, а вчера му го честиташе роденденот на својот последен противник.
Сега во центарот на вниманието е една фотографија која на социјалните мрежи ја објави неговата сопруга, на која е прикажан Тајсон кој тогаш имал само 17 години.
„Се запознавме на мојот 16-ти роденден. Не можев да верувам дека е само една година постар од мене. Мислев дека има 25 години. Веднаш го засакав, затоа што беше поинаков од останатите. Ми беше прво момче. На нашето прво излегување бевме во кино, го гледавме `Кинг Конг`. Подоцна им рече на моите родители дека сака да се ожени со мене. Гледајќи ги сите фотографии, јасно ми е дека не сум можела ниту да сонувам дека се вака ќе изгледа. Од нашиот прв бакнеж, до 6 деца“ напишала Парис Фјури во описот на фотографијата.