Поранешната ѕвезда на Арсенал, а сега прв човек на Ајакс, Марк Овермарс почна со преговори со Њукасл за да стане нов фудбалски директор на клубот, тврди британскиот весник „Мирор“.
Холанѓанецот е ценет не само поради својата богата фудбалска кариера, туку и поради работата која ја заврши во развивањето на млади таленти во холандскиот клуб, и дури се подготвени да платат две години „компензација“ на Ајакс да го добијат.
Покрај Овермарс, за оваа позиција Њукасл размислуваат за поранешниот фудбалски директор на Монако Луис Кампос, како и поранешниот главен скаут на Челси, Мајкл Еменало.
Њукасл се во зоната за испаѓање во Премиерлигата откако емаат победи во првите девет кола од шампионатот.