Top Sport

Мојс: Рајс веќе не е на попуст за 100 милиони фунти

Менаџерот на Вест хем, Дејвид Мојс инсистира дека Деклан Рајс, неговиот фудбалер од средниот ред за кого се заинтересирани Манчестер јунајтед и Челси веќе не е достапен за „евтини“ 100 милиони фунти.

22-годишниот Рајс е произлезен од академијата на Вест хем, од каде влезе во првиот тим во 2015 година, и оттогаш е еден од најпостојаните во одличниот тим на „чеканите“ предизвикувајќи интерес за него, наводно откако клубот би прифатил понуда од 100 милиони фунти, која не дојде во текот на летото. Мојс вели дека цената сега е поголема.

„Не сум загрижен дека Деклан ќе замине, бидејќи во текот на летото беше достапен за евтини 100 милиони фунти. Тој попуст веќе не важи. Имаме могу одлични фудбалери во нашиот клуб, кои стануваат подобри секој нареден ден“, вели Мојс.

Англискиот репрезентативец вели дека е задоволен во Лондон.

„Сите знаат што чувствувам кон Вест хем и за играњето под нашиот менаџер. Играм со насмевка на лицето, го предводам тимот“, изјави Рајс.

Scroll to Top