Винисиус Жуниор беше еден од најдобрите за Реал Мадрид во неделното „Ел класико“ на „Ноу Камп“, каде што беше изложен на многубројни навреди на навивачите на Барселона, кои фрлаа кон него со шишиња и му покажуваа среден прст. Меѓутоа, доколку тој го следел срцето, можел да биде миленик на истиот стадион.
Поранешниот скаут на Барселона за Бразил, Андре Кури открива дека Винисиус бил на чекор до трансфер во Каталонија бидејќи бил голем навивач на клубот.
„Винисиус е вистински навивач на Барселона. Тој плачеше кога Барселона се врати во славната 6:1 победа над ПСЖ. Беше подготвен да потпише за клубот, го знам тоа бидејќи неговите двајца агенти беа мои блиски пријатели. Но, во последен момент тие ме предадоа мене и клубот. Од 2017 година не зборуваме“, вели Кури.
На Барселона и „забиле нож во грб“ за договорот со Винисиус Жуниор