Проститутка ограбила фудбалер на ПСЖ, открива во денешното издание „Паризиен“.
Неименуваниот фудбалер на „светците“, бил ограбен на семафор во Булоњската шума.
„Фудбалерот во 20 часот повикал полиција. Пријавил дека кога застанал на семафорот проститутката влегла во неговиот автомобил и му ги зела паричникот и мобилниот телефон, кои биле во преградата до возачкото место“.
Таа потоа му рекла на која локација треба да вози доколку сака да го добие телефонот. Тој тоа и го направил.
Фудбалерот поднел пријава во која навел дека бил оштетен за 2.000 евра.
Според непотврдени информации ограбениот фудбалер е Андер Ерера.