Манчестер јунајтед го направи првиот „потег“ на летниот фудбалски пазар, откако британските медиуми објавија дека е склучен договор за ангажирање на 19-годишниот дефанзивец на Порто, Диого Далот.
Според повеќе англиски медиуми, Јунајтед се согласиле да ја платат откупната клаузула од 17.4 милиони фунти за Далот, кој оваа сезона се проби во првиот тим на Порто, со кои ја освоија титулата.
Далот се повреди во финишот на сезоната, но многу клубови го имаа „пикирано“ дефанзивецот кој може да игра и како лев бек и бил совршен „ученик“ на Антонио Валенсија во Јунајтед.