Top Sport

Акционерите на Јуве разочарани од зделката за Кристијан Ромеро

Акционерите на Јувентус не беа презадоволни од „грешките“ кои клубот ги направи со продажбата на Кристијан Ромеро и Кристијано Роналдо, но застанаа зад претседателот Андреа Ањели и продолжувањето на проектот за Европската Суперлига.

На Собранието на клубот, дел од акционерите на најтрофејниот италијански клуб, сметаа дека Роналдо е продаден за премала сума на Манчестер јунајтед, а посебно ги болеше зделката која Аталанта ја направи со Кристијан Ромеро и неговото продавање во Тотенхем за 50 милиони евра, откако тие го купија Ромеро од Џенова за 20 милиони евра, а го продадоа на Аталанта за само 16 милиони евра.

„Тој беше купен за 20 милиони евра, продаден за помалку на Аталанта, а тие потоа го дадоа на поранешниот директор на Јувентус, Фабио Паратичи во Тотенхем за многу пари“, вели Енрико Склаво.

Критиките се однесуваа и на честото менување на тренерите во тимот, бидејќи Алегри оваа година се врати да го замени Андреа Пирло, кој претходната година го смени Маурицио Сари, кој пак, го замени Алегри за да остане само една сезона.

Сепак, тие застанаа зад Ањели во борбата за Суперлигата.

„Не можеме да бидеме тивки кога со кал фрлаат од Александер Чеферин или Аурелио де Лаурентис кон Ањели. Мора да бидеме заштитени“, вели Андреа Дануби.

На состанокот се потврди потпретседателската позиција на Павел Недвед и ангажирањето на новиот генерален директор на клубот, поранешниот шеф на Ферари, Маурицио Аривабене.

Scroll to Top