Германската легенда на Интер, Лотар Матеус смета дека Симоне Инзаги добро се снаоѓа на позицијата тренер на „нераѕурите“, но признава дека Антонио Конте бил на „друго ниво во однос на сегашниот тренер.
Матеус, кој помина четири сезони со Интер, постигнувајќи 53 гола и освојувајќи една титула од Серија А, во интервју за „Ла газета дело спорт“ зборуваше за својот поранешен клуб.
„Антонио Конте беше како Џовани Трапатони, човек кој креираше посебни врски со своите играчи и со навивачите и напиша голема приказна за клубот. Инзаги врши добра работа засега, но Конте е човек со огромно искуство и сосема поинаков карактер. Интер останува ривал за титулата и мислам дека може да имаат добра сезона во Европа“, вели Матеус.
За дресот со број 10, кој тој го носеше во Интер, а сега е на грбот на Лаутаро Мартинез, тој вели дека нема проблем.
„Десетката е на добри рамења. Лаутаро може да игра уште многу години во Интеер на највисоко ниво. Игра на поинаква позиција од мене, но бројката е врска помеѓу нас“, додава Матеус.
Matthäus: “Barella leader totale. Il mio 10 sta bene con Lautaro”. Leggi l’intervista completa https://t.co/BFhF0qRLpI
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) October 29, 2021