Top Sport

Заха им оди на нерви на Сити – ем гол, ем контроверзен црвен за Лапорт

Манчестер сити и нивниот менаџер Пеп Гвардиола се исфрустрирани по лошото прво полувреме против Кристал палас, во кое покрај тоа што губат со 0:1, добија и контроверзен црвен картон за Ајмерик Лапорт, а за двата моменти виновник беше Вилфрид Заха.

Заха уште во шестата минута од мечот успеа да го „патосира“ Ајмерик Лапорт за водство на Палас, за во финишот на првото полувреме да „извлече“ црвен картон за Лапорт, откако овој го собори додека тој беше во јасна ситуација пред голот на Едерсон.

Страстите зовреа по оваа одлука на судијата Маринер, и малку недостасуваше за уште некои фудбалери на Сити да добијат црвен картон.

Scroll to Top