Top Sport

Халеп се мачеше против Риск, Квитова експресно со Арабаруена

Првата носителка на Ролан Гарос, Симона Халеп, успеа да забележи победа во првото коло, додека осмата носителка Петра Квитова, експресно се пласира во третата рунда.

Халеп, во мечот против Американката Алисон Риск, покажа две лица. Романката катастрофално го одигра првиот сет, Риск експресно стигна до предност 0:4, а потоа го доби сетот со 2:6.

Првата носителка, во наредните два сета, одигра на посакуваното ниво, го наметна својот ритам и на противничката и препушти само два гема, по еден во вториот и третиот сет.

Во наредната рунда Халеп за противничка ќе ја има 72.на ВТА листата Тејлор Таунсенд.

foto: epa

Петра Квитова за само 70 минути ја збриша од теренот Шпанката Арабаруена. Во првиот сет Квитова не загуби ниту еден гем, а на противничката и препушти четири гема во вториот сет.

Квитова во третото коло ќе игра против Естонката Анет Контавејт.

Scroll to Top