Фудбалерите на Интер забележаа победа првиот меч од неделата програма во Серија А. На „Џузепе Меаца“, Интер го победи Удинезе со 2:0.
Интер не блескаше, но го имаше во тимот расположениот Хоакин Кореа. Николо Барела и Андреа Ранокија ги имаа најдобрите шанси за Интер во првото полувреме.
60 минути им беа потребни на Интер да го совладаат одличниот голман Марко Силвестри.
Кореа нанижа неколку играчи на Удинезе и погоди за 1:0. Осум минити подоцна Силвестри го одбрани ударот на Џеко, но веќе во следниот напад Кореа го постави конечниот резултат.
Интер и по ова коло ќе остане на третото место на табелата. Тимот на Симоне Инзаги има 24 бода, четири помалку и натпревар повеќе од Наполи и Милан.