Кадиз успеа да се спаси од пораз против Мајорка, во првиот натпревар одигран денес во Примера. Натпреварот заврши без победник 1:1.
Гостите од Баеларските острови, имаа предност од 29.минуита, кога Баба успеа да го совлада Ледесма.
Кадиз израмни од пенал во 93.минута, преку ветеранот Алваро Негредо.
Мајорка натпреварот го заврши со десет играчи на теренот. Во 87.минута, вториот жолт картон го доби Седлар.
По 12 кола, Кадиз се 17. на табелата со само девет бодови, Мајорка со 14 бода се наоѓа на 12. место.