Новак Ѓоковиќ сигурно го мина и второто коло на Ролан Гарос, откако со 7:6(1)/6:4/6:4 го совлада Шпанецот Хауме Мунар.
Иако поранешниот светски број 1, кој е само 20. носител на Ролан Гарос, стигна до победа во три сета, тој не играше во својата најдобра форма, откако се намачи во првиот сет, за да го добие со тај-брејк од 7:1 против светскиот број 155.
По освоениот прв сет, играта на Ѓоковиќ беше постабилна и тој немаше проблем да обезбеди дуел во третото коло со Роберто Баутиста Агут.
„Не ми се верува дека противникот беше десет години помлад од мене, но и тоа се случи. Мунар ќе биде добар тенисер, покажа дека има срце, а бидејќи е дел од академијата на Рафа Надал, јасно е дека се работи за талент. Јас не бев најдоброто ниво, но сепак, кога беше најпотребно го кренав нивото“, вели Ѓоковиќ.
Фото: ЕПА