Top Sport

Симеоне: Вечерва го најдовме Гризман кој „исчезна“ во Барселона

Антоан Гризман потроши две години во Барселона. Последниот ден од преодниот рок се врати на местот каде го играше најдобриот фудбал во кариерата. Гризман, полека почна да влегува во вистинската форма.

Гризман, доби пофалби од тренерот Диего Симеоне, за изведбата против Бетис. Францускиот репрезентативец не постигна гол во победата на Атлетико над Бетис од 3:0.

„Во овој натпревар го пронајдовме Гризман. Го најдовме оној Гризман кој „исчезна“ во Барселона. Вакви натпревари играше пред да замине во Барселона. Работеше напорно за екипата, секогаш беше во некаква шанса. Тоа е Гризман што го сакаме, конечно го најдовме. Се надевам дека така ќе продолжи“, рекол Симеоне.

Атлетико Мадрид во наредната рунда ќе гостува во Валенсија.

Scroll to Top