Top Sport

Јапонија не успеа да победи под новиот селектор (видео)

Новиот јапонски селектор Акира Нишино се обиде со нова формација да направи пресврт во резултатите на неговата репрезентација, но на крајот загуби со 2:0 од Гана на подготвителниот тест во Јокохама.

Капитенот на Гана, Томас Парти постигна гол, а дебитантот Емануел Боатенг беше прецизен од белата точка во мизерна вечер за Нишино, кој во следните 24 часа треба да го објави составот од 23 фудбалери за Мундијалот.

Нишино дојде на кормилото на репрезентацијата по неочекуваниот отказ за босанскохерцеговскиот тренер Вахид Халилхоџиќ и ја смени тактиката со три централни дефанзивци, двајца на крило и двајца во средината кои поддржуваат еден напаѓач.

Дефанзивната формација не фнкционираше најдобро, и Парти постигна гол веќе во осмата минута, пред во 45. минута поради грешка на голманот Еиџи Кавашима да ја потврди победата на Гана.

Фото: ЕПА

Scroll to Top