Top Sport

Повторно расизам во Италија – Ибрахимовиќ мета на хулиганите

Златан Ибрахимовиќ на „Олимпико“ го постигна 400. гол во кариерата. Ветеранот погоди од слободен удар со што му го трасираше патот до победата на Милан, во дербито со Рома.

Ибрахимовиќ во првото полувреме, 26.минута, испрати проектил по земја, ударот не можеше да го одбрани Руи Патрисо.

Потоа навивачите на Рома започнаа да скандираат „zingaro“, што во превод значи циган. 40-годишникот потоа гестикулираше хулиганите да продолжат, да бидат погласни. На тој начин тој се бореше со ксенофобијата.

Ибрахимовиќ не е првиот актер на фудбалските терени, кој оваа сезона се соочи со вакви повици од трибините. Претходно вакви навреди трпеа Калиду Кулибали, Душан Влаховиќ и Синиша Михајловиќ.

Scroll to Top