И покрај директните пораки од тренерот Карло Анчелоти дека засега не смета на него (бидејќи преферира други фудбалери) и дека може да си замине од тимот, Еден Азар не планира да бара трансфер во јануари и е подготвен да биде трпелив и да бара место во првиот тим.
Според „Марка“, Азар и покрај овие коментари на италијанскиот тренер, нема лоши односи со Анчелоти, иако тој повеќе го преферира Винисиус Жуниор во 4-3-3 формацијата со која игра оваа сезона.
Како најскапото засилување во историјата на Реал Мадрид, Белгиецот е свесен дека не ги исполнил очекувањата како комбинација на повреди и лоша форма, но е подготвен да работи и да ја „исплати“ довербата која му е дадена. Тој има само 5 гола во само 53 меча за „кралевите“ и се надева на стартно место против Шахтјор Доњецк во среда во ЛШ.