Мајкл Џордан дозволил да се прикаже документарниот филм „Последниот танц“, за да покаже дека е поголем од Леброн Џејмс, тврди во едно интервју Скоти Пипен.
Пипен, верниот соборец на Џордан, од 90.години на минатиот век, не е во добри односи со најдобриот во историјата на кошарката.
„Мајкл сакаше на сегашната генерација да и покаже дека кога тој играше беше „поголем од животот“ и дека е подобра од Леброн Џејмс, за кого сметаат дека е на неговото ниво. Поради тоа Мајкл ја раскажа својата приказна, а не приказната околу која се врти „Последниот танц“, каде се раскажува како тренерот Фил Џексон, сопственикот Џери Рајнсдорф и генералниот менаџер Џери Краус, како сакаат да го растурат тимот, без оглед на тоа што постигнавме во сезоната 1997/98“, рекол Пипен.
Тој тим навистина потоа се растури, Пипен и неколку други играчи се преселија во други тимови, а Џордан втор пат замина во пензија.
Пипен неколку пати досега истакнал дека не му се допаѓа како е прикажан во „Последниот танц“.