Доминик Кепфер ја продолжи успешната серија на Мастерсот во Париз. Германецот преку Феликс Оже-Ачлијасим избори пласман во третото коло.
Кепфер, во првото коло, спаси седум меч топки и го победи Енди Мареј, а во второто го елиминираше 11.играч во светот, кој во Париз беше деветти носител.
Кепфер, 58. на АТП листата, победи во два сета, 6/3, 7/5. Мечот во Париз траеше 96 минути.
Канѓанецот Оже –Алијасим, со овој пораз, испадна од трката за пласман на завршниот мастерс во Торино.
Кепфер во третото коло ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Хуберт Хуркач и Томи Пол.