Top Sport

Федерацијата парично го казни МЗТ и го супендира директорот Грнчаров

Кошаркарската федерација на С. Македонија (КФСМ) денеска, со задоцнување од еден месец, го известила МЗТ, Дисциплинската комисија (ДК) на 8 октомври донела одлука да го казни клубот со 300.000 денари, а директорот Тони Грнчаров со двегодишна суспензија.

Одлуката КФСМ, како што објави МЗТ на својата интернет страница, била објавена на социјалните мрежи.

„Ваквата одлука, на која би им завиделе дури и во земја како Северна Кореја, каде што демократијата, човековите права и слободата на говор се еднакви на нула, е донесена по пријава на Перо Антиќ, првиот човек на македонската кошарка, кој по некоја „случајност“ е прв меѓу еднаквите во Управниот одбор, кој самиот го предлага, а кој потоа ги избира членовите на ДК. Подобра потврда на народната „Кадија те тужи, кадија те суди“ не може да се најде ниту во најдобрите епизоди од „Македонските народни приказни“, соопшти клубот од Аеродорм.

Извор/ mztskopjeaerodrom.mk

Scroll to Top