Светското првенство во фудбал во Русија почнува на 14 јуни и ќе трае до 15 јули. На големи маки се најде домаќинот да подготви за спектаклот, а најмногу проблеми имаше со стадионот на Урал, „Арената Екатеринбург“.
That stand, though.
? Ekaterinburg Arena, Russia
? 4 games at the 2018 World Cup pic.twitter.com/IRCqqGZlRG— B/R Football (@brfootball) May 24, 2018
Ова здание собираше 23 000 гладачи, но според правилата на ФИФА, сите стадиони на кои се играат натпревари од светското првенство мора да имаат најмалку 35 илјади места. Организаторите се досетиле на многу бизарна идеја, како се да биде подготвено за почеток на Мундијалот.
Тие отвориле една трибина, а над неа подигнале челична контрукција со дополнителни 12 000 места, која сега е во висина со покривот, кој ја протегнува дури 45,5 метри во висина. Ова претставува најголем проблем, бидејќи од последниот ред подобро се гледаат знаменитостите на градот отколку случувањата на теренот (семафорот со резултатот и времето на натпреварот).
За среќа на фановите на Урал, стадионот ќе биде среден по завршувањето на Мундијалот, па „Арената Екатеринбург“, на која ќе се одиграат натпревари меѓу Египет и Уругвај, Франција и Перу, како и дуелот Јапонија-Сенегал, односно Мексико-Шведска, ќе стане еден од најубавите мали стадиони во Европа.