Арсенал ги започнал преговорите со Фиорентина околу евентуалниот трансфер на Душан Влаховиќ, објави италијанскиот новинар Џанлика ди Марцио.
Изминатите денови, челниците на Фиорентина и Арсенал, одржале неколку состаноци во Лондон. На директорите на Фиорентина, Даниеле Праде и Џо Бароне, колегите од Арснал им порачале дека имаат желба трансферот да се реалзира во зимскиот преоден рок.
Арсенал понудиле помеѓу 50 и 60 милиони евра и дополнителни бонуси.
Ди Марцио пишува дека Валховиќ се уште не добил конкретна понуда од Арсенал, но дека неговиот менаџер преговара и со други заинтересирано клубови.
Фиорентина не сака да се откаже од најдобриот стрелец во јануари, клубот сака да го продаде по завршувањето на сезоната. Доколку сепак се случи Влаховиќ да замине по Нова година, Фиорентина ќе го ангажира Доменико берарди од Сасуоло.