Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер вели дека е зачуден од коментарите дека Кристијано Роналдо имал негативно влијание во тимот по враќањето на „Олд Трафорд“.
36-годишниот Португалец се врати во Јунајтед ова лето и има фантастични 9 гола во 11 меча, но дел од критичарите сметаат дека петкратниот освојувач на „Златната топка“ носи многу дисхармонија во тимот, посебно во градењето на млад тим. Солскјер не го сфаќа таквото размислување.
„Тој е еден од најдобрите фудбалери кои било кога оделе на оваа планета. Неговото влијаие на теренот и надвор од него е огромно, головите кои ги постигнува, начинот на кој се однесува, сите работи. Не сфаќам како тоа може да биде негативно. Навистина сум задоволен од неговиот почеток – дава голови, работи за својот тим и е крајно професионален“, вели Солскјер.