Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти инсистира дека е задоволен што Герет Бејл е повикан за настап во велшката репрезентација и покрај тоа што повеќе недели не играше за шпанскиот клуб поради повреда.
„Фудбалерот има медицинска дозвола и тренира. Не можеме да им кажеме на Велс да не го викаат, бидејќи нема причина за тоа. Има податоци кои велат дека тој е опоравен. Прво, јас не сум му татко. Можеби ова не е неговиот најдобар период, но никој не треба да заборави што направи за нас. Во 2014 ни помогна да стигнеме до Лигата на шампионите и Копа дел Реј и навивачите не го забораваат тоа. Кога ќе се врати, ако заслужува да биде во тимот ќе биде, но ако репрезентацијата го повика, тогаш мораме да го пуштиме“, вели Анчелоти.