Чави Ернандез по шест години се врати во Барселона. Клупската легенда, во понеделник, официјално ќе го преземе првиот тим. Чави во Барселона се врати од Ал Сад. Во клубот од Катар тој најпрвин беше играч, а кога ја заврши кариерата стана тренер.
Барселона, во раните утрински часови, објави дека Чави се врати на „Ноу Камп“. Клубот успешно ги заврши три дневните преговори со Ал Сад. Чави, со клубот ќе потпише две и пол годишен договор.
Покрај со Ал Сад, челниците на Барселона интензивно преговарале и со Чави, кој за да се врати побарал клубот да исполни три негови барања.
Чави бил незадоволен од клупските медицински услови. Издејствувал во клубот да се врати Рикардо Пруно, човекото кој 25 години бил на чело на медицинскиот тим.
Исто така, тој со него на „Ноу Камп“ ќе дојдат неговите помошници од Ал Сад, ги има седуммина: Оскар Ернандез, Серхио Алегре, Иван Торес, Карлос Ногуера, Давид Пратс, Тони Лобо и Серхио Гарсија.
Третиот услов бил клубот да му донесе засилувања во зимскиот преоден рок. Крилните играчи имаат големо влијание во тренерската филозофија на Чави. Тој е убеден дека Усман Дембеле бргу ќе се рехабилитира од повредата и дека ќе го продолжи договорот, а од клубот побарал да му го донесат Рахим Стерлинг од Манчестер сити.