Top Sport

Барса испушти победа во Виго и остана без двајца играчи

Барселона, попладнево, резултатски и кадровски, доживеа целосен дебакл на „Балаидос“ во Виго.

Барселона го одигра најдоброто прво полувреме од стартот на сезоната, имаше предност од 3:0, на крајот освои само еден бод. Јаго Аспас во 96.минута, го совлада Тер Штеген за и ги постави конечните 3:3.

Она што ќе ги загрижи сите во Барселона се повредите на двајца важни играчи, Ансу Фати и Ерик Гарсија. Се чини дека повредата на Фати е посериозна.

Двајцата фудбалери беа заменети на полувремето.

Scroll to Top