Шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид сака да го задржи во своите редови германскиот фудбалски репрезентативец Тони Крос и во иднина. Клубот од „Сантијаго Бернабеу“ е подготвен да го продолжи договорот со 31-годишниот фудбалер до 2024. година.
Сегашниот договор меѓу Крос и „Кралевите“ има рок на важност до јуни 2023. година.
Синоќа, во победата против Рајо Ваљекано Крос го запиша првиот сезонски погодок.
Во Реал е од 2014. година, има 215 настапи, 18 постигнати голови и освоени сите можни клупски трофеи.