Фудбалерот на Арсенал, Гранит Џака се повреди на тренинг по што неговото место во швајцарската репрезентација за СП во Русија станува неизвесно.
Швајцарската фудбалска федерација потврди дека Џака морал да престане со тренинзите во четвртокот по повредата на коленото во еден дуел, по што заминал на медицински тестови на левото колено.
„Прерано е да се каже дали тој ќе го пропушти Миундијалот. Тој има болки во левото колено и прво ќе оди на снимање за да се утврди повредата“, велат од швајцарската федерација.
Џака е дел од 26-члениот тим на селекторот Владимир Петковиќ, од кој ќе испаднат тројца фудбалери. Швајцарија на 3 јуни игра со Шпанија во подготвителен меч, по што ќе играат во групата Е во Русија со Србија, Костарика и Бразил.