Словачка и Холандија одиграа пријателски меч во Трнава, кој заврши со 1:1, откако Квинси Промес ги спаси „лалињата“ од пораз под водство на новиот селектор Роналд Куман.
Марек Хамшик уште во осмата минута одлично го пронајде Адам Немец во шестнаесетникот на Холандија и тој лесно го совлада голманот Жерен Цет, а во 59. минута од мечот Квинси Промес постигна одличен гол од работ на шестнасетникот. Двете репрезентации ќе го следат Светското првенство само на телевизија, откако не успеаја да се квалификуваат.
Во другите два пријателски натпревари на две африкански нации кои ќе патуваат во Русија немаше погодоци. Сенегал одигра 0:0 со Луксембург, додека мечот меѓу Мароко и Украина заврши со идентичен резултат.
ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ
Луксембург – Сенегал 0:0
Мароко – Украина 0:0
Словачка – Холандија 1:1