Еден Азар се избори со повредата, но сега има многу поголем проблем. Белгиецот не може да фати место во првиот тим на Реал Мадрид. Азар за 100 милиони евра, во 2018 година, се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ од Челси. Досегашната кариера во Реал му ја обележаа повредите.
Азар, по две сезони, нема проблем со повредите и покрај тоа не добива голема минутажа од Карло Анчелоти.
Фактот што тој повеќе време минува на клупата за резерви го загрижува белгискиот селектор Роберто Мартинез.
„Вакво нешто не очекувавме. Од медицински аспект, не постои проблем. Азар се чувствува добро, знаеме дека работи дополнително за да ја одржи формата. Сака да го достигне максималното ниво“, рекол Мартинез.
„Нема да се грижиме се додека тој ужива во фудбалот, тоа сега не е случај. Мислам дека може во голем стил да ја заврши оваа сезона“.